ИНЦИДЕНТ: Македонски ракометари делеа правда со тупаници (ВИДЕО)

Бурниот дуел од седмото коло во македонскиот шампионат меѓу Радовиш и Еурофарм Работник заврши без победник.

 

tepacka-rakomet-640x331

На изненадување на ракометната јавност, Работник продолжува со својата променлива форма во домашното првенство, тоа го искористи составот на Радовиш и ја надминаа негативата од шест голови за на крај да се радуваат на бод.

Сепак борбениот меч во спортскиот центар „25 Мај“ во Радовиш ќе остане во сенка на инцидентот кој се случи во 18-тата минута од првото полувреме.

Милан Левов настрада во дуелот со гостинскиот играч Ашраф Адли, а по завршувањето на акцијата на радовишани незадоволен од неспортскиот потег и судиска проценка Левов се одлучи сам да ја превеме правдата во свои раце при што го удри противникот. Откако заврши мешаницата на теренот судиите доделија две директни дисквалификации за највоинствените на теренот.

Видео: 24Ракомет




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.