Носителот на листата за ИЕ 6 Петре Шилегов и членот на извршниот одбор на СДСМ во Теарце предизвикуваат изборни прекршоци, нарушувајќи го изборниот молк преку агитирање кај граѓаните кои гласаат на избирачкото место 2011, објави порталот Инфомакс.
-Како што дознаваме, Петре Шилегов придружуван од членовите на извршниот одбор на СДСМ Мухамед Зекири и Едмонд Адеми попладенто се упатиле во делот каде на Теарце каде што живеат најголемиот дел од Албанците во селото, во очајнички обид да се суспендира законот и да се узурпира волјата на народот преку правење на инциденти со цел да се наруши изборниот процес. Претходно, тројцата повикувале граѓани во штабот на СДСМ во селото, пишува Инфомакс.
Откако тоа не им успеало, пишува порталот, Шилегов си заминал од пред местото на гласање, а во блиската чајџилница останале Мухамед Зекири со локалните агитатори, и адвокатот на СДСМ Мики Вујиќ кој на снимката може да се види како разговара со Џабир Дерала од невладината „Цивил“ која вчера лиферуваше лажни информации од Теарце со цел предизвикување на тензии.
Освен „Цивил“ на Дерала, текот на вчерашниот ден, медиумите финансирани од Сорос и УСАИД се обидуваа да предизвикаат тензии во Теарце објавувајќи лажна информација за наводно апсење на поткупувач, која кратко потоа беше демантирана од портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, кој потврди дека се работи за лажна пријава без елементи за кривичен прогон.
Од утринава прегласувањето на изборното место 2011 се одвива во мирна и фер атмосфера, без поголеми прекини освен 15.минути поради технички проблеми со УВ ламбата.
Извор: курир