“Инфомакс”: Синот на Мисовски се вработи во Агенцијата за супервизија на осигурување

Синот на Горан Мисоски, Кристијан Мисоски, од 17 кандидати вработен на конкурсот во Агенција за супервизија на осигурување. Оваа агенција е една од подобро платените држжавни институции институции. Платата ќе му биде 33.000 денари, како стручен соработник за супервизија. Не чекал многу за вработување, Кристијан Мисоски дипломирал економски факултет на Американ Колеџ, лани во Ноември 2018та година, после неколку години неуспешно студирање на Универзитетот Кирил и Методиј. Постои сомнеж за судир на интереси бидејќи Горан Мисоски е пратеник, а Директорот на Агенцијата за својата работа одговара токму пред Собранието, пишува Инфомакс.

Денес, среда, Кристијан Мисоски почнал на работа во Агенцијата за супервизија на осигурување, а по ургенција на неговиот татко пратеник за да биде побрзо работата, пред да се распишат изборите на 8ми февруари. Да се потсетиме дека токму Мисовски го даде еден од 80-те гласови за Северна и гласаше за промена на името

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.