Режимот на власт уште еднаш покажа дека нема никаков демократски капацитет, враќајќи ја државата во мрачните времиња на едноумието. Имено, иако соодветно најавен, протестот на движењето #Бојкотирам по повод 27.годишнината од Денот на независноста, специјалната полиција за малку не предизвика посериозен инцидент при обидот да ги запре мирните демонстранти да не поминат пред владата – пишуваат од “Инфомакс”.
Стотитина полицајци се обидоа да го блокираат слободното движење и демократското право на протест, обидувајќи се да ги спречат демонстрантите на #Бојкотирам да поминат пред владата на пат кон Собранието.
За среќа беше избегнат поголем инцидент – објави порталот “Инфомакс” од каде го следеа целиот протест на движењето “Бојкотирам”.