Инфомакс: ЕКСКЛУЗИВНО ОТКРИВА: Кои се криминалците кои СДСМ во очај ги ангажира за да го блокираат Скопје!

Како што платеничката „револуција“ тоне во очај така СДСМ и Сорос бараат се потешки криминалци да застанат на нивна страна. Ви ги откриваме луѓето кои позади себе имаат дебели криминални досиеа, неколку убиства и тешки кражби кои го нападнаа таткото што се обидуваше своето болно дете да го однесе на доктор.

Со нивните возила СДСМ се обидува преку ден да го наруши живеењето на Скопјани, загрозувајќи ја нивната слобода на движење, надевајќи се дека тоа ќе предизвика доволно гнев за криминалците кои се собираат на протестите да предизвикаат конфронтација и ескалација на состојбите.

Од партијата се свесни дека долгогодишните партиски кадри не се согласуваат со политиките на Заев и Шеќеринска, па прибегнуваат кон крајни алтернативи, ангажирање на тешки криминалци со дебели криминални досијеа за убиства, тепачки, тешки телесни повреди, фалсификување на документи и исправи да ги бранат интересите на Заев.

Ова се луѓето, криминалци со педигре кои Заев ги ангажира на протестите:

ivanco_pavlovski-300x300

Иванчо Павловски, познат криминалец во скопското подземје, егзекутор на повеќе убиства, тешки кражби, учество во тепачки и фалсификување на документи, осуден на повеќе години затвор. Ова е неговата казнена евиденција:

Иванчо Павловски 1962
КАЗНЕНА ЕВИДЕНЦИЈА
-Казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци за кд Убиство од 2005 година
-Казна затвор во траење од 8 месеци за кд по член 288- предизвикување општа опасност од 2007 година
-Казна затвор во траење од 6 месеци за кд по член 88 од 1987 и 2 години условно
-Казна затвор во траење од 6 месеци за кд по член 378 фалсифуикување исправа од 1998
-Мерка засилен надзор од родител за кд по член 156 –тешка кражба од 1980 година
ОПЕРАТИВНО познат на полицијата и заради
-КП по член 132 –учество во тепачка во 2000 година од Скопје
-КП по член 123 -Убиство во 2001 година од Скопје
-КП по член 131 –тешка телесна повреда во 2001 година од Скопје
-КП по член 123 –Убиство во 2004 година од Скопје
-КП по член 236 -тешка кражба во 2004 година од Скопје
-КП по член 156 – тешка кражба во 1979 година од Скопје
-КП по член 43 во 1986 година од Скопје
-КП по член 378 -фалсофикување исправа во 1996 година од Скопје

andrea_mitkovski-300x300

Андреа Митковски 1976, исто така добро познат на полицијата поради нанесување на тешка телесна повреда во 2011 година, за што добил судска опомена, застанат на браникот на Зоран Заев и неговата свита, која има за цел предизвикување на немири во Скопје.
КАЗНЕНА ЕВИДЕНЦИЈА
-Судска опомена за кд по чл.130- телесна повреда вв чл.22 од 2011 година

ivica_cvetkovski-300x300

Ивица Цветковски 1970, во 1990 година нападнал воено лице, односно службено лице кое ја вршело должност на што бил осуден на казна затвор од шест месеци, исто така застанат во одбрана на уште поголемиот криминалец Зоран Заев, кој се обидува со помош на криминалци да ја втурне земјата во насилство.

КАЗНЕНА ЕВИДЕНЦИЈА
-Казна затвор во траење од 6 месеци за кд по член 206 од 1990 од КЗ на СФРЈ (ОС Сарајево-воен суд )

Според сознанијата кои ги има iNFOMAX.mk од свои извори во полицијата, неколкуте возила кои беа ангажирани за блокада на цел град се во сопственост на лица кои и се добро познати на полицијата. Тоа што е познато е дека Заев со 10-тина возила се обиде да го блокира цел град. Децата, пензионерите, родителите, вработените, бизнисмените сите тие беа потенцијални жртви на црните сценарија на Заев кој се обиде со помош на криминалци да предизвика инциденти како оној со таткото кој беше нападнат бидејќи се брзаше своето болно дете да го однесе на доктор.

Освен овие криминалци, во друштво на Заев се и истакнати мафијаши како што е Закир Беќири – Чауш кој масовно фалсификуваше исправи и разни документи, Зоран Верушевски чиј син долги години лежеше затвор поради убиство и нанесени тешки телесни повреди, Хаџибулиќ кој со гордост објавува фотографии со Заев итн.

Освен овие, iNFOMAX.mk во текот на денот ќе објави и нови информации за криминалци кои се дел од „револуцијата“ на соросоидите и Заев. Продолжува…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.