“Инфокомпас”: Заев во Прилеп најави можност за увоз на работна рака од странство

Фото/printscreen/infokompas.com.mk

Поради се помасовното иселување и ниските плати, недоволни за нормален живот компаниите во Македонија, а особено во Пелагонискиот регион се соочувата со огромен недостаток на работна рака.

Ова беше една од главните точки на која вчера во Прилеп стопанските комори од овој град и од Битола разговараа со премирот Заев и Вицепремиерот Анѓушев.

Решението на проблемот се гледа во државна парична помош при обуки за квалификувани работници, но и во увоз на работна рака од странство. Но не беше потенцирано од кои држави би доаѓале работници да работат кај нас – објави порталот “Инфокомпас”.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.