На барање на новиот менаџерски тим, инфектолог од Скопје е ангажиран в болница да им помага на колегите.
Директорот на болницата, Кети Смилеска не ја исклучува можноста за доаѓање и на други колеги да им се помогне на прилепските доктopи кои вложуваат огpoмни напopи, справувајќи се со многу пациенти и секојдневно новите случаи на Koвид 19.
Во функција ќе се стави новата модуларна болница која е комплетно опремена и има централен довод на кислород.
– Се анализира кои пацинети ќе бидат сместени во модуларната болница, а со тоа да се ослободи дел од очното одделение и одделението за уво, нос и грло, кои досега се користеа како ковид центри, опсулужени од здравствениот персонал кој и досега беше ангажиран. Доколку не се зголемува бројот на пациенти, во модуларната болница ќе се префрлат пациентите, а овие одделенија да се затворат како Ковид центри – објаснува Смилеска.
До модуларната болница направена е пристапна рампа од паркингот до објектот, а ќе се изгради и пристапна патека.
Во петте ковид центри: инфективното, уво, нос и грло, очното, гинекологија и дел од интерното одделение, до заклучувањето на весникот, (до средата) хоспитализирани биле 120 пациенти Од нив 84 биле на кислородна поддршка, а слободни имало уште 16 кревети.
Се бележи благо намалување на пациентите на кои им е потребна кислородна поддршка.
Извор: “Неделник Зенит”