По ослободувањето од полицијата, албанската новинска агенција (ИНА) Ilirya News Agency, направи интервјуто со еден од четворицата Албанци кои вчера предизвикаа огромен скандал со поставувањето на големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.
Полицијата излезе со официјална информација дека се работи за играорна група, но од видеото се гледа дека не се работи само за играорци, туку за албанска група со назив “Арбреши”, која има за цел создавање на Голема Албанија.
Оваа екстремистичка група, во Охрид и Струга била за да прослави годишнина од некакви битки на Скендербег, а како што вели нејзиниот лидер Ѓерѓ Прекоцај од Ѓаковица, тие ова го направиле затоа што се на нивна земја и Охрид е албански град.
-Господ ни ги дал нас овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме, вели Прекоцај за ИНА и додава дека на Самоиловата тврдина вакво време се веело во времето на Скендербег.
Целото интервју е пренесено на ЛИДЕР