Патот кој води од Прилеп до населеното место Волково наскоро ќе добие асфалт во должина од 3.800 метри. Во тек се подготовките на овој инфраструктурен зафат, посочи градоначалникот Марјан Ристески во изјава дадена за локалното население.
Градоначалникот Ристески во изјавата посочи дека станува збор за инвестиција од 24.000.000 милиони денари, средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и општина Прилеп.
Со оваа реализација, која е од суштинско значење за стопанството ќе се подобри и квалитетот на животот на граѓаните.