ИНТЕНЗИВНО СЕ ИСТРАЖУВА ЛОКВЕНСКО КАЛЕ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

image-d5f5ad4ce631d350cbaa25d7539dd92dc33ae465256f6771320b7aa2bc1a2807-V-702x336

Продолжуваат интензивните археолошки ископувања на локалитетот “ЛОКВЕНСКО КАЛЕ” во општина Кривогаштани, каде што веќе се добиени првите резултати од ископувањето.

Веќе десетина дена се одвиваат археолошки истражувања на некрополата во местото викано “ЛОКВЕНСКО КАЛЕ”,  во близина на населеното место Подвис во општина Кривогаштани. Од досегашните истражувања откриени се неколку гробови кои според материјалот и првичните сознанија на археолозите  датираат од 2 век п.н.е до 4 век од нашата ера. Со овие наоди засега се потврдува континуитет на живот од 6 века.

Денес археолозите веќе работат на разоткривање на една поголема гробна конструкција од камен вкопана во карпа, за која  дополнително ќе се произнесат за пронајдените материјали , изјави градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски.

3

1

2

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.