Интензивно се гради црквата „Св. Наум“ во Прилеп

Интензивно се одвиваат работите за изградба на црквата Свети Наум во Прилеп која што е лоцирана во близина на Паркот на Револуцијата. По повод денешниот христијански празник, Свети Наум Охридски, пред црквата се одржа водосвет и режење на славскиот колач. На настанот присуствуваа голем број на верници.

_mg_2539

„На сите православни христијани им го честитам денешниот празник Свети Наум Охридски Чудотворец. Оваа црква се гради со поддршка на МПЦ и локалната самоуправа и очекуваме таа да биде завршена некаде во месец јули оваа година“, изјави Бошко Талески, иницијативен одбор за изградба на црквата.

Инаку ова е четврта црква која се изгради во Прилеп во последните неколку години.

_mg_2529

„На сите верници од православна вероисповед им го честитам овој голем празник, им посакувам многу здравје и среќа. Голема благодарност до црковниот одбор, до граѓаните на Прилеп и бизнис секторот кои заедно со локалната самоуправа имаат помогнато при изградбата на оваа црква. Претходно без изградени црквите, „Свети Константин и Елена“ во типската населба, црквата „Свети Пантелејмон“ во кругот на општата болница Прилеп и црквата „Света Петка“ во населбата Точила, а сега верниците ќе имаат уште една црква во нашиот град. Во иднина се планира Прилеп да добие уште три нови верски храмови кои е планирано да бидат изградени во населбите Тризла, Сточен пазар и Марино Маало“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_mg_2509

Инаку моментално интензивно се работи исто така и на обнова на конаците на манастирот Трескавец, а претходно комплетно нови конаци добија манастирите „Св. Преображение“ во Зрзе, манастирот „Св. Никола“, во село Манастир-Мариво, а се изгради и источниот конак на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во населбата Варош.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.