Иновација во Прилеп, дупка на афалтот покриена со цигли и штици претставува темпирана бомба за сите минувачи и возачи.
Фотографиите до нашата редакција беа испратени од жителите на улицата “Славеј Планина” каде и се наоѓа оваа несекојдневна инвентивност, што во секој момент може да значи сериозна повреда, или да оштети некое возило.
Вакво нешто не се гледа секој ден, а говори за неажурноста и незаинтересираноста на локалните власти во Прилеп.