ИМОТОТ НА СФРЈ ОДИ НА ТЕНДЕР: Колку ќе добие Македонија?

На меѓународен тендер ќе оди продажбата на дипломатско-конзуларните претставништва на поранешна Југославија кои се наоѓаат во Токио, Бон, Берн и Њујорк како и стан на Менхетен.

ambasade-sfrj
 Ова е договорот што го постигнале петте држави наследнички на поранешна СФРЈ на состанокот во Словенија.

Имотот е вреден околу 42 милиони долари а земјите се согласиле дека таа може да се продаде по повисока цена доколку се распише меѓународен тендер кој ќе биде објавен во „Вашингтон пост“ и „Економист“.

Секоја земја нема да добие иста сума и прашање е колку од овие пари би добила Македонија.Србија се надева дека ќе и припадне третина, а слични побарувања има и Хрватска.

Овие објекти со години зјаат празни и на нив се фрлаат големи пари за одржување.На пример станот на Петтата авенија во Њујорк заклучен е од 1992 година и досега има „изедено“ 2,7 милиони евра.

jugoslavija-karta-drzave-520x249

Следниот состанок ќе се одржи во март во Белград.Досега се поделени 72 од вкупно 123 објекти.Поголемиот дел ги користи Србија како свои амбасади.

Државите наследнички на распаднатата СФРЈ: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Сојузна Република Југославија (денеска Србија) на 29 јуни 2001 година во Виена го потпишаа Договорот за прашањата околу наследството на СФРЈ.

stan-u-petoj-aveniji-njujor_620x0-520x389

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.