Резервниот голман на Сатон Јунајтед, Вејн Шо, чија екипа синоќа загуби во осминафиналето на ФА Купот од Арсенал со резултат 0-2, го привлече вниманието на фудбалската јавност пред, но и за време на мечот со далеку попопуларниот противник.
130 килограми тешкиот голман, кој има полни 45 години, стана хит во Англија откако неговиот тим го доби Арсенал за противник во ФА Купот. Впечатливиот чувар на мрежата дури добил и понуда за фото сесија во која треба да се слика само со голманските ракавици на себе.
На вчерашниот натпревар со „топчиите“ тој беше неискористена резерва, а како што може и да се види на видеото, Шо бил забележан како пред крајот на натправарот јаде пита на резервната клупа.