Начинот на живот на Маиси Стенг е спротивен од она што секој лекар го препорачува. Таа го прослави својот 102 роденден. Освен тоа, таа не пие лекови и има “лоши навики”.
Таа вели дека последните 75 години пуши по 20 цигари во денот и секоја вечер пред спиење пие по една чаша црвено вино.
Таа има уште еден “порок”, ако тоа може така да се нарече, многу сака да јаде банани и вели дека тоа е тајната на долговечноста.
Истражувањата покажуваат дека бананите помагаат кога имаме депресија, не прават попаметни, ја намалуваат утринската мачнина, спречуваат рак на бубрезите, дијабетес, остеопороза, слепило и уште многу други работи.
Ф.Г.