Има само 6 години, а прави сладолед за кој му нудат 2.000 долари – ВИДЕО

11111

Шестгодишно момче кое стана популарно благодарејќи на своите рецепти кои ги постави на Јутјуб, доби понуда од Фејсбук, вредна 2000 долари, за откуп на авторските права.

Maлиот Нихал Раџ од Индија, познат под надимакот “кича”, започнал да готви кога имал само четири години, а го инспирирала неговата мајка која е професионален готвач. Кича направил свој сопствен блог за готвење, а од 2015 година има свој Јутјуб канал, каде ги поставува своите рецепти.

Најголемата слава ја постигнал кога го поставил видеото на кое прави сладолед во форма на Мики Маус со вкус на манго.

Погледнете го ова слатко детенце:

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.