Има пари за Слупчане, ама не и за вработените во прилепската болница? (Видео)

На седницата за пратенички прашања пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, истакна загриженост за работниот статус на 110 вработени во прилепската болница, кои 5 години биле оставени со договори на дело.

Власта бара од власта… или во случајов СДСМ бара од Алтернатива и ДУИ, како македонската владечка партија да е трета по големина партија во владеачката коалиција…

-Имаме обврска кон 110-те вработени во прилепската болница, на кои се’ уште не им е решен работниот однос.
Тие, ревносно, одговорно и посветено им помагаа и им помагаат на граѓаните во време на пандемија со Ковид-19.
Упорно ќе барам од надлежните, час поскоро да им биде решен работниот однос, затоа што тоа повеќе од сигурно го заслужуваат!
– напиша Талевски на ФБ.

На наредната седница Талевски нека праша и тоа како имало пари за споменик на борците од УЧК во Слупчане, а нема пари за решавање на работниот статус на 110 лица во прилепската болница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.