Има идеја и визија за подобар и поубав Прилеп! Матеска ги кани граѓаните на средба во Амфитеатарот во Варош

Независните заслужуваат да бидат слушнати, независните заслужуваат некој да им помогне да допрат нивните идеи, предлози, решенија… Најмногу затоа што независните го немаат луксузот на партиите да користат големи средства од државата за платен политички маркетинг.

Најголем број од вас знаат дека во Прилеп на престојните избори, покрај предлогот за градоначалник од СДСМ, Петра Лукароска, на избирачкото ливче ќе има уште една дама. Станува збор за независната кандидатка Павлинче Матеска, вработена во Локалната самоуправа на општина Прилеп.

Матеска активно на социјалните мрежи ги собира симпатиите на своите сограѓани, преку реални предлози, разни решенија и сликовити објаснувања, за подобрување на животот во градот под Марковите Кули.

Нејзината визија за подобар град, граѓаните ќе имаат можност да ја слушнат овој петок (03.10.) со почеток од 18 часот во Амфитеатарот во населбата “ВАРОШ”.

-Ќе поразговараме за секојдневните проблеми на варошани, ќе видиме и ќе слушнеме како и дали до сега институциите си ги извршувале своите должности. За уреден Варош како најстара населба на Прилеп, препознатлив по големиот број на цркви. Да го направиме Варош туристичка атракција – напиша Матеска на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.