Ако имате проблем со лошиот здив, не грижете се, постои решение за овој проблем. За овие совети ви е потребно малку време, а ќе го решите проблемот за секогаш. Ако и после ова лошиот здив постои, тогаш сигурно имате посериозни здравствени проблеми кои се решаваат на друг начин.
- Јадете здрава и балансирана храна. Јадете повеќе брокула, компири и свежо овошје. Тоа ќе ги регулира маснотиите и ќе влијае на здивот.
 - Не заборавајте на зеленчукот. Здравата храна го “убива” лошиот здив и со текот на времето тој ќе исчезне.
 - Почесто јадете јаболка.
 - Треба да пиете многу вода. Водата ги чисти бактериите и му помага на телото да функционира. Заменете ги газираните сокови со вода.
 - Кафето заменете го со зелен сок или чај. Зелениот сок содржи ниско ниво на киселина за разлика од кафето.
 - Од време на време изџвакајте свеж магдонос. Можеби ви звучи смешно, но ова растение го освежува здивот.
 - Пиењето јогурт ќе ви помогне. Тој ќе ви помогне да ги внесите корисните материи кои се неопходни за организмот, а ќе ги отстрани штетните материи кои создаваат лош здив.
 - Секој ден мијте ги забите и користете конец за заби.
 - Користете вода за миење на устата.
 - Џвакајте гуми за џвакање без шеќер.
 - Држете се подалеку од цигари.
 
            
























