Дали сте знаеле дека вашиот стар Ајфон за компанијата Ејпл вреди злато? Навистина вреди, и тоа во буквална смисла на зборот.
Според последниот извештај на Ејпл, американската компанија открива дека од своите стари iPhone телефони, Ајпад таблети и компјутери, има извадено повеќе од еден тон злато и тоа само во минатата година! Оваа импресивна бројка Ејпл ја има собрано благодарение на корисниците кои ги замениле своите стари уреди за нови.
Ова е всушност добар знак, затоа што значи дека американската компанија рециклира метал наместо да го вади од земјата и тоа значи дека старите паметни телефони не завршуваат во отпад и не ја загадуваат планетата Земја. Сепак, самата количина на собрано злато ги изненади буквално сите.
Златото во уредите на Apple е користено затоа што е одличен проводник на електрицитет и не корозира лесно. Иако бакарот е многу поевтин, сепак бакарот е далеку побавен проводник па за брзите задачи во уредите на Apple и не е најдобро решение. Меѓутоа, златото е далеку поскапо и затоа речиси никој не го користи.
Според извештајот на американски „СиЕнЕн“, секој Ајфон содржи околу 0.034 грама злато. Тоа не е доволно ниту за изработка на еден мал прстен, но доволно е да заработите 1,28 фунти, или околу 100 денари. Доколку тоа го помножите со бројот на телефоните произведени од оваа компанија, ќе дојдете до фантастична бројка.
Американската компанија поседува и специјален робот кој ги разделува телефоните за рециклирање со цел од нив да ги извади и да ги сочува највредните метали. Apple на годишно ниво собира и рециклира окол 1,2 милиони уреди и од тоа собира злато. Ваквиот робот на Apple се наоѓа во Калифорнија во САД и во Холандија во Европа.