Илјадници верници се собраа во Витлеем: Светна божиќната елка во родното место на Исус (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници верници се собраа во Витлеем, родното место на Исус Христос за да бидат дел од традиционалното палење на Божиќната елка.

Пред црквата на Светото Рождество беше поставена огромна елка, висока 16,5 метри. Украсена е со 2 000 лампиони и 500 украсни сијалички.

Беше декорирана цели 10 дена за да биде подготвена за да блесне токму вчеравечер.

Секоја година во овој период во Витлеем пристигнуваат илјадници туристи од целиот свет за да бидат во родното место на Исус.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.