Илинденската коњаница од Горно Лисиче пречекана со сите почести во прилепско (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во пресрет на светлиот и голем Илинден, Илинденската коњаница – „Илинденски марш“, која пред неколку дена тргна од Горно Лисиче – скопско, на пат кон историското Крушево каде треба да пристигне утревечер, синоќа свечено и достоинствено беше пречекана во долненското село Ропотово, каде и преноќеваше.

Топло добредојде, со сите традиционални адети, на коњаниците им посака престедателот на МЗ – Ропотово, Сашо Гулески.

Оваа година, Илинденската коњаница брои 21 коњаник, од кои три се девојки.

Утрово, тие го продолжија патот кон славно Крушево, каде во текот на утрешниот ден ќе им се приклучат и коњаниците кои се тргнати и од другите краишта на Македонија, па сите заедно ќе учествуваат на завршната манифестација, однсосно на првото Илинденско дефиле кое ќе се одржи во Крушево, а додека на Втори август, тие ќе учествуваат и во чествувањата на Мечкин Камен.

Според најавите од организаторите, за в година се планира, главниот собир на сите коњаници од земјава, пред да стигнат во Крушево, да биде токму во с. Ропотово.

Целата фото галерија погледнете ја ТУКА

Извор: “tri.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.