Изминатиот викенд санкционирани 143 возачи на подрачјето од СВР Битола: Забележани секаков вид на прекршоци

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, за време на викендот извршиле засилени сообраќајни контроли и притоа контролирани се 1284 возачи, од кои 32 возачи управувале возило без возачка дозвола, седумина не користеле сигурносен појас, а дозволената брзина ја надминале 95 возачи.

Под дејство на алкохол биле петмина возачи, а четворица возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. Од сообраќај се исклучени 22 возила затоа што биле нерегистрирани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.