Измамен прилепчанец: Го лажеле дека се јавуваат од фирма, па ја растоварил робата на погрешно место

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе kpивична пријава против Б.А.(33) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 30.12.2019 пријавениот телефонски се јавил на Ц.Т., претставувајќи се дека се јавува од фирма и му кажал да оди до Струмица за да земе производи од друга фирма. Додека Ц.Т. во Струмица ја товарал робата, повторно телефонски бил контактиран од пријавениот, кој побарал него да остави 20.000 денари кај едно лице во Велес, но бидејќи Ц.Т. немал пари, се договориле робата да ја однесе во стовариште во Скопје и да се врати во Прилеп.

Вечерта во 21.00 часот, пријавениот повторно му се јавил на Ц.Т. и му рекол дека турата за Струмица отпаѓа, а има нова тура за Куманово, при што му дал број од лице во фирма од каде требало да товари производи. Кога Ц.Т. наредниот ден пристигнал во Куманово, на неколку наврати се обидел телефонски да го контактира лицето посочено од пријавениот, но не успеал да го добие, по што сфатил дека бил измамен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.