ИЗМАМА НА ВЕКОТ: Платил 3,7 милиони долари за една вечер со Меган Фокс

Ју Мартин Ксу, бизнисмен од Кина, кој барал љубов на погрешни места, пред извесно време бил „ограбен“ од извесна „ескорт агенција“, за ни помалку, ни повеќе, туку 3,7 милиони долари.

megan-foks

Овој не така бистар деловен човек тврди дека платил за секс со топ-моделот Кендис Свенепол и со глумицата Меган Фокс, позната по филмовите од серијалот филмови „Трансформери“.

Сосема (не)очекувано, ниту една од овие две убавици не се појавила на догорените состаноци, па незадоволниот клиент одлучил да ја тужи агенцијата.

Од агенцијата сепак, не признаваат дека го измамиле Ксу, но нивната одбрана за на суд се уште се подготвува. За расплетот на целата оваа ситуација ќе треба да почекаме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.