Во четврток 28 април 2016 во 20 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, Прилеп ќе биде отворена изложбата ,,Oткривање на нови светови,, или Андромеда галаксија,, од уметникот Стојан Дурланов.
На првата самостојна изложба Стојан Дурланов презентира 23 дела – објекти, скулптури, слики и графики, дела што ги создал во последните години и ќе дозволи како што самиот потенцира публиката да се соживее со нив односно да се втопи во нив.
-Во Андромеда галаксија секое дело е како прозорец кон некоја друга реалност. Секој ќе може различно да доживее, да го осети. Инспирација за создавањето на творбите ми беа девојката, галаксијата, непознатото, напредокот на технологијата, како и речиси се што имам причитано или гледано за НЛО и проследено од научна фантастика – вели тој.
Податоци за авторот
Ликовен педагог во основно образование
Унервизитет ,,Св.Кирил и Методиј,, Факултет за ликовни уметности – Скопје
Стекната квалификација : Графичар со графички дизајнер и педагог
Класата на професор: Зоран Јакимоски
Професионални достигнувања:
Учество на :
Интернацијоналната колонија во Прилеп во 2009 година
Графичката колонија во Македонски брод 2009 година
Колонија Пелинце – Куманово 2010 година
Ликовна колонија Накучани Стбија 2013
Групни изложби во Македонија учество :
Нацијонална галерија на Македонија Чивте амам.
Галерија 7.
Нацијонална галерија на Македонија Мала станица – Young art.
КИЦ- Скопје – ” Мал формат ”
Културно информативен центар – Скопје – Годисна Ревијална Изложба
Македонски културен центар Македонски брод
НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп изложба “уметниците во чест на Свети Никола”.
Групни изложби во Странство учество :
Galerija Bogić Beograd.
Изложба ликовне колоније Накучани – “Osvrt”
Хол Библиотеке Шабачке – “V Сазив”
Dom kulture Obrenovac
Saborna crkva Svetih apostola Petra i Pavla u Sapcu.
Siroka staza – “ZAJEDNO”
Биенале :
Биенале во МКЦ – зимски салон 2013 – Тело што помни со делото – “Иднина ” објект комбинирана техника.
Освоено награди:
Прва награда за најдобра колекција на детски цртежи три години по ред од 2013 до 2015 од НУ Центар за култура Битола – Државна изложба на детски ликовни творби на тема “Народата култура како трајна инспирација во моето творештво”
Диплома од 15 -та Интернацијоналната детска ликовна изложба во Финска “15th International Art Exhibition for Children and Young piple “Let’s Eat”
Членство:
Член во Друштвото на ликовни уметници во Македонија – ДЛУМ
Член и учество во уметничкиот одбор на Ликовни уметници во Прилеп – ДЛУП
Книги:
Изработка на корицата на книгата “Приказни за тревите и другите приказни” од Живко Грозданоски