Изложба ,,Циклични пулсирања,, од уметникот Слободан Милошески

f-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8-6-7

Во петок 28.10. 2016 во 19.00 часот во изложбениот салон на ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе биде отворена изложбата ,,Циклични пулсирања,, од уметникот Слободан Милошески.

Биографија

Слободан Милошески е роден на 02.05.1977 во Охрид. Во 2001 год дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје. Во 2009 год, дипломира на Факултетот за ликовни уметности, отсек вајарствo. во Скопје. Во 2011 год. магистрира на Факултетот за ликовни уметности, на област вајарство, во Скопје. Моментално е докторант на Националната уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „скулптура“. – Работи како доцент по предметите вајање и вајарски техники на Ликовната академија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. -Член на Друштво на ликовни уметници на Македонија од 2009год.

Слободан Милошески има реализирано 16 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 40 групни изложби во земјава и странство, како во: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Чешка и др. Добитник е на 13 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015год. , како и наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ исто така доделена од ДЛУМ во 2014год.

a3-got-a

Реализирани скулптури во јавен пристор:

-2008-Скопје-Скулптура во паркот на Франкофонија;

-2010- Скопје-Спомен обележје на Првото заседание на АСНОМ;

-2011- Скопје-Две скулптури наменети за фасадата на објектот МНР;

-2011 -Скопје-Скулптура на Живко Чинго;

-2011-Скопје-Скулптура на Ристо Шишков;

-2012-Скопје-Скулптура „Муза“ наменета за фасадата на објектот „Стар театар“;

-2013-Скопје-Скулптура на Кузман Шапкарев;

-2014-Скопје-Скулптура на Јоаким Крчоски;

img_3265

За „ЦИКЛИЧНИ ПУЛСИРАЊА“

-КРИТИКА –

Слободан Милошески е зрел автор од помладата генерација која моментално твори на балканската уметничка сцена. Она по што овој автор се одвојува од останатите е неговата перманентност во работата и активизмот, подеднакво на општествено ниво на делување, како и на интимна уметничка профилација. Слободан Милошески во рамките на хибридната македонска ликовна сцена со својата работа трајно се афирмира како амбициозен автор, феномен чиј поетски дискурс е заснован на постулатите на модерната европска скулптура и нејзината синтеза. Тој низ неговата работа ја преферира претпоставката дека скулптурата е повеќе уметност на масата, отколку на просторот. Овој автор развива конструирана скулптура во една врста апстракција, слична на руските конструктивисти, со идеја таа да се трансформира во симболичка форма или динамичка структура…

Проф.д-р Џемил Бектовиќ

Слободан Милошески и неговите кинетички скулптури, односно необични геометриски објекти, инсталации кои ствараат игра на светлината и сенката, на прв поглед се спротивставуваат на науката, кога го анализираме материјалот од кој се направени. Секоја од неговите скулптури е приказна сама за себе, која изгледа магично, а по малку и нестварно. Конопот на металната конструкција, пилевината, кучината и акрилните бои се материјали преку кои на еден суптилен начин ја одразува извонредната имагинативна енергија и континуитетот во творењето , бавејќи се со естетика и со ликовни компоненти, потполно надвор од актуелните или водечките стилски формации.

Најголема награда за еден уметник е кога неговото дело е видено, како и разбрано или доживеано од страна на гледачот со целосната идеја која тоа ја носи. Пораките на уметнички опус на Милошески се со универзален карактер, раскажани преку универзални симболи претставени на еден многу личен и непосреден начин…

м-р Јасмина Фортиќ

Апстрактните конструирани скулптури на Слободан Милошески богати се со неисцрпен енергетски потенцијал во изразување на субјективната визија. Во нивната затворена или отворена морфологија доследно донесуваат компактни карактеристики на линиската цврстина и рационализам во изведбата. Тие се повеќедимензионално меѓусебно поврзани и заеднички се помагаат и надополнуваат во својата примарна намера да остварат одржливост во просторно и сореално коегзистирање. Заради тоа може да се констатира дека строго и донекаде агресивно го дефинираат, ограничуваат, а би можело да се каже и артикулираат просторот во кој се наоѓаат.

Од семиолошко-информационен карактеристики на овие скулпторски дела се формираат заклучоци за значењето на целокупната поставка, како и за отвореноста или затвореноста на системот на овие објекти. Комбинацијата на материјали со која овде визуелно, па и тактилно, се сретнуваме ја дообликуваат приказната која условно тука постои.

На крај треба да споменеме дека овде е остварен еден систем во кој самиот уметнички објект и публиката остваруваат комуникација која истовремено може да се случи на неколку различни нивоа на свеста. Поради тоа овие дела ствараат веројатни светови, надвор од светот на стварноста, зошто тие не се занимаваат со нештата какви се, или какви биле, туку такви какви би можеле да бидат. Оваа констатација во принцип најмногу е заснована од потребата и можноста за визуелна и естетска рецепција.

Проф. д-р Фехим Хусковиќ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.