Изложба ,,Кодирани пејсажи,, од Наташа Милованчев

????????????????????????????????????

Во петок 25 ноември 2016 во 19.00 часот во галеријата ,,Борко Лазески,, ќе биде отворена изложбата ,,Кодирани шејзажи,, од Наташа Милованчев.

Ликовната изложба под наслов Кодирани пејзажи: Исток – Запад рециклирано”,  ја чинат 21 дело, работени во комбинирана техника на хартија. Kako проект станува збор за пресек низ визулените наслојувања низ временскиот период од 2012 до 2015 година, одосно своевидна синтеза на елементите од еден подолг истражувачки процес. Во нив како иконографска, предлошка, авторот го варира присуството на еден  мотив, што се јавува како метафора, како сублимирано – функционален, но и поетички знак во, и на просторот.

copy-of-dsc_0340-1

Податоци за авторот

Наташа Милованчев

Родена во Скопје, 1967 гоодина

Образование

  • Дипломира на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек проектирање

1990-1995     Дипломира на Факултет за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, сликарски отсек

1999-2003     Магистрирала на Факултет за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, сликарски отсек

Член на Друштвото на ликовни уметници во Македонија (ДЛУМ) од 1994 година.

Освен сликарство, дејности во театарскиот и графичкиот дизајн. Студиски престој во Cite Internationale des Arts, Париз,Франција, 1999 и 2005. Добитник на две национални награди за сликарство и плакат.

Работи како вонреден професор на Архитектонскиот факултет при Униврезитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Адреса: В. Влаховиќ 1  1/8, Скопје; моб: 00 389  71 577 393

е-mail: [email protected]

Самостојни изложби:

 1998   – Скопје, Македонија, Музеј на град Скопје, „Поглед низ“

– Штип, Македонија, Градски Музеј – Безистен

1999   – Прилеп, Македонија, Дом на култура

2003   – Скопје, Македонија, Музеј на град Скопје, „Поетика на просторот“

– Охрид, Македонија, Музеј на Охрид – Куќа Робевци

2004   – Битола, Уметничка галерија, Музеј на Битола

2005   – Париз, Франција, Salle Edouard Marcel Sandez -Cite Internationale des Arts

– Крањ, Словенија,Македонски културен центар „Св. Кирил и Методиј“

2007   – Подгорица, Црна Гора, Центар за современа уметност на Црна Гора

2008   – Скопје, Македонија, Француски културен центар

2009   – Софија, Бугарија, Културно-информативен центар на Р.Македонија

2012   – Белград, Србија, Уметничка галерија ФЕНИКС

– Берлин, Германија, Прима Центар Берлин (PCB)

2014   – Виена, Австрија, Амбасада на Р.Македонија

– Виена, Австрија, Словенски културен центар КOROTAN

2015   – Њујорк, САД, Галерија МЦ (Gallery MC)

2016   – Прилеп, Македонија, “Центар за култура Марко Цепенков”

 Има учествувано на бројни меѓународни групни изложби, како и меѓународни ликовни работилници и семинари во Македонија и во странство (Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија, Германија, Холандија, Шпанија, Франција).

 Присатна во колекции

Присутна во колекцијата на Casoria Contemporary Art Museum, Италија, како и во приватни колекции во Македонија,Србија, Словенија, Албанија, Грција, Италија, Франција, Германија и САД.

Текст

“Кодирани пејзажи: Исток – Запад рециклирани”,

UNUS МУНДУС! Светот е еден, Исток и Запад се создадени дихотомии, линија на поделба и ориентација, точка на гледање и многу повеќе позиција за/на ? контрола. Истите се неразделни: мерливо и немерливо, апсолутно и релативно, намерно и случајно, активно и пасивно, црно и бело, тоа се само трансцендентални проекции на истото. Во реалноста околу нас, сликата на светот е отсечена, повторувана и преклопена. Значи, ако ги умножиме механички тие стануваат  не-истоветното Исто. Низ динамичните, активни, напластени зони, доминира фрагментацијата, те.размножените секвенци во рамките на една слика. Со механичкото наспроти објектот, ја гледаме јасно механизацијата на предметот и нивната меѓусебна размена. Одбирајќи фрагменти од Истокот и Западот, низ процесот на реконтекстуализација, ги рециклираме истите, сакајќи да бидат  повторно Едно. 

555

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.