Изложбата на дела од меѓународната ликовна колонија “Лесново 2018” во петок во Прилеп

Во петок 16.11.2018 од 12.00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде поставена изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2018“ што по 27 пат годинава ја организираше Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

На увид пред јавноста ќе бидат 25 дела создадени од 15 уметници – учесници на колонијата од Македонија, Русија, Бугарија, Србија.

„Лесново„ е меѓународна ликовна колонија на која низ годините учествувале бројни уметници од земјата, од Русија, Бугарија, Англија и Србија, кои инспирирани од убавата природа создале вредни уметнички творби.

Ги овековечиле убавините на Лесновскиот манастир, старата традиционална архитектура на лесновската куќа, карпестото опкружување….

Преку колонијата „Лесново“ се промовира и анимира овој културен регион во Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.