Изложбата „Моменти низ времето“ од уметницата Моника Десоска, во четврток пред прилепчани

На 2 мај 2024 г. во 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Моменти низ времето“ од уметницата Моника Десоска, од Прилеп.

Моника Десоска и се претставува на ликовната публика со серија на дела од циклусот “Моменти нив ремето”. Нејзината животна ретроспектива, несебично ја споделува преку свое самооткривање.

Сеќавањето опстојува како белег низ димензиите на времето толкувајќи го човековото постоење. Го буди копнежот, носталгијата во нас и ни помага да ја согледаме животната трансформација. Тајни скриени длабоко во мислите, ги евоцираат спомените, ги потикнуваат соништата и ја будат надежта. Делата сведочат за детските мечти, безгрижните дни, за едно време кое душата ја храни.Драматичните промени и носталгичните импулси, го откриваат уметниковиот сензибилитет преточен низ играта на изразениот констраст. Препознатливата нота на тактилниот допир, ја рекреира нераскинливата врска на нејзиниот слободен дух со природата. Централната композиција го акцентира дејствието и не повикува заедно да го започнеме самооткривањето. Динамиката на просторот, формата, палетата на бои и раскошната тактилна вредност, ги интригира сетилата на набљудувачот и ја буди неговата љубопитна природа.

И како што самиот уметник вели” Портата на тишината не чека…..”Ана Јосифовска

Самосон
од Моника Десоска
Портата на тишината нè чека,
Да си кажеме за височината на боговите
Па да се скриеме меѓу листовите,
Пиејќи од сржта на животот.
Длабочини, тажни и тегобни,
Понекогаш пропаѓам во вас,
Понекогаш лебдам како птица,
Пеејќи за изгубените мигови.
Вечноста на духовното,
Вгнездена во шишарките…
Нè втурна да се загледаме во светот…
И капките солзи да ни ја исплакнат душата.
Боите на Сонцето, водата…..
Се изгубија во гладните очи на тагата,
По нашиот пат, одредок поредок.
Во собата, високо на ридот,
Е приказната за еден цвет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.