Изложбата “Лирско интермецо” од уметницата Љупка Галазка Василев, во вторник пред прилепчани

На 10 септември 2024 /вторник/ од 19.00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Лирско интермецо“ од Љупка Галазка Василев. ( 10.09. – 25.05.2024). Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

За изложбата:

„Лирско интермецо“ е колаж од сликарски секвенци преку кој се материјализираат нашите стравови , копнежи , желби и очекувања . Отсликување на човечката душа, нежна и кршлива а во исто време толку моќна. Презентирани ќе бидат дваесетина дела,насликани во техника акрил и комбинирана техника на платно,создадени во последните неколку години.

За творештвото на Галазка Василев

Творештвото на Љупка е суптилно и повеќеслојно, еднакво, како што и зрачи нејзиниот изглед. Делата на Галазка се помеѓу апстрактното и реалното, како во некој одреден миг да се спојуваат сонот и јавето. Нејзината палета ги поседува земјените тонови: окер, портокалова, кафена или жолта, претежно хармонизирани, но со јасни и видливи елементи на контрастни бои: сина, зелена или виолетова. Долго ги набљудувам сликите на Љупка забележувам дека низ мноштвото богати нијанси ѕиркаат децентни чипкасти, налик невестински детал и, обрабени со бела боја и благо заоблени. Сликарката умешно ги комбинира боите и цртежот, тонскиот фон и цртачкиот сегмент. Гледајќи ги нејзините дела констатирам дека станува збор за едно творештво во кое се вклучени сите елементи, кои чинат една раскошна композиција од бои, линии, преку тонови или тонски скали. Љупка умее суверено да владее со четката и просторот кој го нуди сликарското платно. Таа ги чувствува своите сликарски предели, кои напати делуваат мистично или тајновито, а всушност тоа се слики кои се гласни и звучни. Звукот кој произлегува од мистериозните видици и предели на делата од Љупка посакувам да го чуе Универзумот, на кој му припаѓаат сите можни и неможни бои, тонови и нијанси…Јас го чув. А вие? – Ивана Настески, м-р по графика и графички техники

Биографија:

Љупка Галазка-Василев, rодена 1979г. во Струмица,Република Македонија.
Дипломирала на Националната Ликовна Академија во Софија.Живее и работи во Струмица како професор по ликовна уметност во средно училиште.

Изложби:

Групни изложби:

2001 – “Текстил”Галерија на Бугарските уметници – Софија
2002/2003- сликарство мал формат,Културно информативен центар “KИЦ”-Скопје,Македонија
2003 – “15 ликовни уметници од Струмица”,Градска Галерија-Солун,Грција
2004/2005 Годишна изложба на ДЛУС,Нацинална установа,Центар за култура”Aнтон Панов“- Струмица
2006 “Стремежите на младите ликовни уметници од Струмица”,фоаје на Работнички униерзитет “Јоска Свештарт”-Струмица
2012 “Encounters 5” Лефкоса,Кипар
2015 ”Encounters 6” Истанбул,Турција
2016 Изложба нагрупа“Пресек “ НУ Музеј – Струмица
2017 Изложба Безистен Амам – Гевгелија
2017 Изложба на група “Пресек “НУ Музеј – Струмица
2018 Изложба на ликовна група Пресек –Народен театар Гевгелија
2019 Изложба на група Пресек НУ Музеј – Струмица
2019 Изложба на тројца македонски автори во галерија на ГОК (Грујецки центар за култура ) Грујец ,Полска под покровителство на амбасада на Републи ка Северна Македонија во Варшава
2018 –2022 изложба“Несовршен простор”во организација на здружение за култура Транзен
2024 Mеѓународен ликовен симпозиум – Музеј Шиемчино ,Полска
2024 Mеѓународен ликовен симпозиум – Замок Струга, Полска

Индивидуални изложби:

– Април 2007Национална установа–Центар за култура”Антон Панов “- Струмица,
– Мај 2007Национална Галерија на Македонија, Мултимедиален центар”Мала Станица”–Скопје,
– Декември 2007 Национална установа,Центар за култура“ Бели Мугри”-Кочани,
Март 2013 “ГОК”- Грујецки центар за култура , Грујец, Полска
– Ноември 2013 Национална установа – Центар за култура”Антон Панов “- Струмица, Април
– февруари 2014 Изложба во НЛБ Тутунска Банка – Скопје
– ноември 2014 Изложба Безистен ,Кафе Галерија 8 ,Турска чаршија,Скопје
– септември 2017 Изложба МКЦ Младински културен центар –Скопје
– ноември 2017 Изложба хотел Аполонија –Гевгелија
– јуни 2019 Изложба ,музеј Куманово
– август 2020 изложба Галерија Дом на култура “Иван Мазев Климе” Кавадарци ,
-aприл изложба Центар за култура -Гура Калвариа ,Варшава -Полска

Ликовни колонии – Меѓународна ликовна колонија Карпино 2017-Куманово
Меѓународна Струмичка ликовна колонија 2017
Ликовен хепенинг “ Петровденски конаци”- Кочани 2018
Меѓународна Струмичка ликовна колонија 2020
Meѓународна ликовна колонија “Вевчански видувања “ -Вевчани ,Македонија 2024




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.