Излез од политичката агонија за реализирање на проектите неопходни за граѓаните – Интервју го градоначалникот Марјан Ристески

Измина еден кавртал од 2016 година,  битен временски период кога општината го носи, планира и зaпочнува да го рализира буџетот за годината. Со колкав буџет располага оваа година Општина Прилеп?! Кои инвестициони и инфраструктурни зафати се планирани?

????????????????????????????????????

Прилеп располага со развоен буџет насочен кон инвестиции, но потребно е да да се илезе од полтичката агонија која ја зафати државата – вели  првиот човек на Општина Прилеп, градоначалникот, Марјан Ристески.

На почетокот на година на Седница на општина Прилеп, советниците  го изгласаа и  донесоја буџетот на општината за 2016 година. Колкав буџет оваа година има Прилеп на располагање? Како е планирана распределбата на  буџетските средства? Има ли тој развојна компонента? За што ќе се трошат општинските пари оваа година? Што е приоритет?

 

 

Во однос на предходните години, овогодишниот буџет на локалната самоуправа  ќе овозможи динамика, особено во подготвувањето на новиот генерален и  деталните урбанистички планови, кои веќе се подготвуваат, со цел да се инвестира во општината во наредниот период. Најголем приоритет годинава ќе имаат инвестициите во градот и отворање на нови работни места. Па, во најголем дел буџетот е наменет за создавање на услови за привлекување на инвестиции, пред се производни капацитети и реализација на индустриските зони. Но, дел од буџетот е наменет и за инфраструктурни проекти: изградба на улици, канализациона и водоводна мрежа, парковски површини, реконструкции во образовните установи, изградба на ново училиште, проширување на капацитетите во градинките, подобрување на осветлувањето во градот со поставување на ново улично осветлување, уредување на централното градско подрачје, нови спомен обележја, реализирање  на културни и спортски манифестации…, се’ се тоа планирани активности за што ќе се трошат општинските пари во текот на оваа, 2016 година. Токму овој период е почеток на реалзирање на активностите, иако, морам да признаам дека сум сериозно загрижен поради полтичката и економската криза во државата, како и бегалската криза во која е инволвираната и Македонија, кои се одразуваат, не само на земјава, туку и на целиот регион. А сите тие негативни поседици од овие кризи ги чувствува и општина Прилеп, која не е изолирана единка.

Прилеп неодмна го донесе новиот генерален урбанистички план, креиран од 2013 до 2023 година, со кој се предвидени  поголеми можности, области за зоните за домување, како и изградба на стопански објекти,  во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот. Што всушност значи овој стратешки документ за Прилеп? Што конкретно нуди? Значи ли тоа поурбанизиран град?

 Не можете  да го развивате градот, ако не е ставен во една рамка, во генерален урбаниситчки план. Ние, како локална самоуправа, се обидовме и тој да има  инвеститциони карактеристики, да има развојна компонента. Во него се предвидени многу содржини кои ќе овозможат иден развој не само на градот, туку и на поединечни населени места. Пред се во него се предвидени многу индустриски зони, со цел да бидат понудени на домашни и странски инвеститори, за отворање на нови производствени капацитети. Предвидени се плацеви за изградба на индивидуални куќи, посебно со оние проекти кои ги нуди државата, како што  се „Купи куќа-купи стан“ и „Купи куќа за млади“, во типската населбата во изградба “Градина”. Меѓутоа, предвидуваме и други населби, во други делови од градот, локации за колективно домување, за деловни и трговски објекти, за нови градинки, болници, спортски објекти, парковски површини…, се она што треба за иден развој на градот.

Меѓутоа се работи и на деталните планови. Моментно се работи на  60 детални планови на територијата на Прилеп и населните места, со што се овозможува урбанизирање на дел од населбите и населните места кои гравитираат во Општината. Со завршувањето, пак, на процесот на легализација, ќе може уште понепречено да се донесат голем број детални урбанистички планови, кој пак, ќе овоможат подобра урбанизација и развој на поединечни населби од градот, како и на населените места, зашто некој од нив никогаш и немале урбанитички план, немале можност за го планираат својот  развој.

 Ги спомнавте индустриските зони. Моментно инфраструктурно се  доуредува индустриската зона Прилеп 1, а инфраструкурно се планира да се подготви и  индустрискиата зона Прилеп 2. Кога се очекува нивна завршница и почеток на работа на компаниите во овие зони? Би значело ли тоа нови вработувања за Прилеп ?! И, може ли наскоро да се очекуваат нови домашни или странски инвестиции во инстустриските зони во Прилеп?

Индустриските зони ги планираме за отворање на нови производствени капацитети кои ќе овозможат нови вработувања. Тие зони ги почнавме буквално од нула. Всушност беа празно земјиште, без инфраструкура.

А, моментално во индустрискаа зона „Прилеп 1“ се гради на  големо. Предходно беше изградена канализациона и водоводна мрежа, елекрична инсталација до самата зона, а сега се градат улици и тротоари. Средствата за оваа активност се од Светска банка. Тоа се 130 илјади евра, донација, или награда, доделена на Општина Прилеп, заради успешен и навремено завршен проект, изградбата на влезот на градот од потегот кај Лукоил до раскрсницата кај Солидност. Ние со тие пари можевме да размислуваме да реализраме други проекти во градот, меѓутоа, како што кажав и на почетокот, одлучивме оваа година приоритет да имаат равојот на индустриските зони,  да се забрза нивната изградба и да се создадат услови на сите оние економски субјекти кои на јавно наддавање ги откупија локациите, за да почнат да ги градат своите индустриски објекти.

Кога се продаваа парцели по електронска аукција, инвеститорот кој ја купува парцелата има рок од девет месеци да приложи во локалната самоуправа одобрение за градење, т.е изведен проект за објектот, и потоа во рок од шест години објектот да биде завршен. Тие законски рокови мора да се почитуваат. Оние кои го пролонгирале тој период, ќе плаќаат казенени пенали,  според законските одредби. А, оној кој нема да изгради во рок од 6 години, општината има права да му ја одземе локацијата и да ја предвиди за наредна аукција за продажба. Затоа економските субјекти мора да бидат сериозни при купувањето на парцелите.

А, она што е како наша обврска, на локлната самоуправа, според  законот за продажба на градежно неизградено земјиште, ние сме го завршиле во овие зони. Се надевам дека сите инвеститори ќе започнат  со градба, а тоа ќе значи надеж за отврање на  нови работни места.

Меѓутоа, не чекаме само да бидат изградени тие капацитети. Работиме и на други индустриски зони.  Атрактивна за домашните компании од незагадувачката индустрија е и индустрискат зона „Прилеп 2“. За неа се донесоа урбанистичките планови, дел од плацевите се понудија на електронска акуција, и наскоро ќе бидат потпишании договорите со купувачите, кои во наредните девет месеци, според законскиот рок, ќе мора да приложат проект за градба.

Средствата кои ќе ги обезбедиме од  продажбата на овие локации и комуналиите,  како и дел средства од буџетот на Општина Прилеп, ќе бидат наменети за изградба на инфраструктура и во оваа зона .

Ја започнавме и индустриската зона „Прилеп 3“ (во билзина на Жито Прилеп), но таму се приватни локации, и се надевам дека наскоро приватниците ќе изградат индустриски објекти, бидејќи деталниот план за ова индустриска зана, пред неколку години, беше по барање токму на сопствениците на тоа земјиште.

Бараме и нови локации за индустриски развој. „Прилеп 4“  е во градежен опфат и е градежно неизградено државно земјиште. Откако ќе биде изработен урбанистичкиот проек ќе биде  урабанизирано земјиштето, парцелизирано, и ќе биде понудено на заинтересираните инвеститори.

Што се однесува до  слободната економска  зона ТИРЗ  „Алинци“, таму , веќе се гради и се работи. Таму, се градат двата големи индустриски капацитети на мултинационалните компании „Гентерм“ и „Акомпласт“, чија градба се надевам дека ќе заврши до сепетември, и дека 100 нови работници ќе работат во „Акомпласт“. Меѓутоа зоната е голема, има можност по 80 до 120 ха да се проширува,  и  е интересна за инвеститорите, бидејќи сега има и изградена  одлична инфраструктура, благодарение на владините инвестиции, во оваа слободна економска  зона.

Заинтересираноста кај нови инвеститори постои  за оваа зона, кои доаѓаат во Прилеп, со таа намера да инвестираат. Меѓутоа, се надевам дека моменталната политчка ситуација во земјава и оваа политичка криза ќе заврши со избори на 5-ти јуни, за да можат инвеститорите да дојдат и да градат нови капацитети .

IMG_5351

IMG_5384

IMG_5393

Антрафиле

 

 ИНТЕНЗИВО СЕ ГРАДИ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ

Индустриската зона „Прилеп 1„ (Металец) е наменета за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија. Во неа понудени и продадени се 22 парцели, од кои, некои од домашните компании имаат купено и по две локации, за своите потреби. Моментно,  во оваа индустриска зона 7/8 компании веќе градат. Во нив се очекува наскоро да се вработат нови 200/300 лица, иако таа зона има капацитет за околу 2.000 вработувања“- вели градоначалникот на Прилеп.

Индустриската зона „Прилеп 2“ (Сточен пазар), е со 14 парцели, каде почетната цена е 61 денар за метар квадратен. Моментално на електронска аукција продадени се  5 локации.

IMGL7255

IMGL7236

IMGL7254

Мораме да признаме дека граѓаните на Прилеп најсериознао ја сфатија мерката за легализација на дивоизградените објекти, а општината им помогна во тоа, со ажурност, организција и брза обработка на податоците. Активно се искористи и продолжениот рок до 31 март за поднесување на барања за легализација. Иако, елаборатите можат да се доставуваат и до крајот на 2017 година. Колку барања за легализција на дивоградби беа поднесени? Колку дивоизградени објекти се легализирани? И, што тоа значи за општината? Значи ли тоа подобра урбнистичка прегледност на еден град?

Ова е еден од најубавите закони што било која влада досега го има донесено во Р.Македонија, бидејќи е исправена една голема неправда, децениска неправда би рекол, на голем број луѓе кои имале изградено ќуќи, направиле доградби и надградби, но не ги легализирале своите објекти.       Во градот практично да не постоеше куќа која е легализирана. Само 5 % од објектите во Опшината беа легални. Од разноразни причини градот не беше урбанизиран и имаше нужна потреба да се донесе ваков закон, кој го донесе оваа влада, што произлезе по барање и на самите општини и ЗЕЛС.  Општините се соочуваа со проблеми за градба, планирање, поради неурбанизирани населби, објекти и простори во градот. На територијата на Прилеп имаше повеќе од  15 илјади диво изградени објекти.

Денеска Прилеп е лидер во однос на поднесени и реализирани барања за легализација на диво изградени објекти. Како општина, на крајот од секоја недела просечно доделуваме 60 до 80 нови решенија за легализирани објекти. Имаме легализирано 9.000 објекти, а поднесени беа над 15.360 барања. Со продолжување на рокот, таа бројка е зголемена за 2000. Можеби сите и не се реални барања, бидјеќи некаде и несоодвествуваат објектите со деталниот урбанистички план. Меѓутоа, сигурно на крајот од процесот на легализација ќе дојдеме од 13/14 илјади легализирани објекти, што е одлична завршена работа, бидејќи еднаш требаше да се стави крај на овој процес.

Воедно, во овој дел имавме  помош и од УСИД, за легализирање на дивогрдбите во ромската населба „Тризла“. Имајќи ја предвид лошата материјална положба на поголемиот дел Роми, УСАИД им овозможи т.н спознорство, да и тие,  ги легализираат своите дивоградби.

Легализацијата се изврши и во населните места, но и кај стопански објекти кои со децении биле дивоградби.

Што добија граѓаните со легализацијата? Добија четири основни работи. Стана сопственици на она што го имаа , куќата, со што се исправи една голема  неправда да се чека повеќе од 50 години за граѓанинот да го легализира сопствениот објект. Добија имотен лист, односно, како што велиме ние, тапија, која  може да се користи при продажба на објектот. Куќата  легално може да се префрли на  поколенијата, сопственикот да ја заложи, доколку сака, за да подигне кредит…и сл.

Антрафиле

ТИПСКАТА НАСЕЛЛБА „ГРАДИНА“ ЗА

СОПСТВЕН КРОВ НАД ГЛАВА

Прилеп имаше проблеми со стариот урбанистички план, кој немаше предвидено ниту еден метар квадратен за индустриски зони и изградба на фабрики, за изградба на болници, градинки, спортски терен итн, но, немаше исто така предвидено ниту еден квадратен метар за она што е основно во градот, изградба на индивидуални објекти, однсно куќи .

Во грижа за младата популација и обезбедување на сопствен дом во генералниот план, со детален план, пред две/три години е создадена населбата „Градина“, која ќе претставува модерна типска  населба, со широки улици, тротоари, зелени површини. Предвидена е градинка, училиште, спортски комплекс…

Типската населба во изградба „Градина“(поранешното место, Оранжерии), е со 424 парцели, наменета е за изградба на индивидуални и колективни домувања, чија почетна цена е 61 ден по метар квадратен.

Изградбата на целата инфраструктура ќе биде на локлната самоуправа и владата, бидејќи со промовирањето на валдиниот проекти „Куку куќа за млади“, општините добиваат одредени парични субвенции за инфраструктурно уредување на населбите.

Говориме често за најголемиот инфрастркурен зафат – изградбата на пречистителната станица за отпадни води и санацијата на канализационата мрежа  во Прилеп. Но, до кога овој капитален инфраструктурен зафат ќе биде готов?  Кога ќе биде завршницата на  изградбата на пречистителна станица, кој треба да го реши третманот на прочистувањето на отпадните води и кога временски е предвидено да  заврши обновата на канализационата и водоводната мрежа во градот и да се санираат улиците?

 Граѓаните мора да сфатат колку е важен овој проект и колкав чекор направи оваа локална власт  и владата со ресорните министерства, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Минисерството за финансии, околу склучувањето на овој договор и искористувањето на овој грант и средствата од 27 милиони евра, за проектот пречистителна станица, заедно со изградба  на  канализациони ситстеми.

Во минатото граѓаните водоводот го граделе со самопридонес. Е, овој проект, оваа локална самоуправа и влада, го обезбеди да  граѓаните на Прилеп не дадат ниту денар, а во меѓувреме да ја санираат канализационата мрежа. Не знам колку години со самопридонес ќе требаше да се реализира ваков капитален проект, кој ќе значи идно подобрување на квалитетот на живеење на Прилепчани и иден развој на градот. Е, тоа е бенефитот кои го добија граѓаните на Прилеп!

Во Европа не се почитуваат градови кои немаат третман на отпадните води и пречистителна станица. Тоа е основен атрибут и предуслов за еден европски град. Ние сме први во Македонија! Обезбедивме грант, донација,  20  % од средствата од буџетот на владата на Р.Македонија, на кои сме и благодарни, и го имплементиравме проектот заедно со ЈКП Водовод и Канализација – Прилеп, кое на директен начин е вклучено во реализација и користење на овој проект, понатаму.

Со проектот, сега, сите отпадни води ќе бидат прифатени во пречистителната станица и отпадната вода ќе се прочистува во чиста вода за наводнување. Тоа е најголмиот бенефит- зашита на животната средина. Сега за жал имаме река која е најзагадена во Македонија, затоа што канализацијата од градот се влева во неа. Со донесувањето на колекторите кои се поставија покрај реката, каде ќе бидат приклучувани канализациските мрежи, нема да се дозволи повеќе ниту еден литар отпадна вода  да оди во градската река.

И, ако порано се правеа шеги со градската река во Приелп, за нејзината загаденост, ние за година и пол ќе имаме најчиста река во Македонија. Па, понатаму ќе размислуваме и за уредување на речното корито, што би било иден капитален проект на општината.

Инаку, првата фаза од овој проект е завшрена. Остана уште реализцијата на речното корито од малиот мост кај базенот, па нагоре по речното корито, со цел да се уреди и регулира и овој дел од речното корито.

Втората фаза од проектот,   изградбата на пречистителната станица, на тоа веќе со голем интензитет се работи и до крајот на септември ќе биде завршена изградбата. Интензитетот на градба неодамна,  пред еден месец, го посети и Министерот Ставрески. Пречистителната станица е базата каде ќе биде примена целокупната отпадна вода од Прилеп, од каде потоа ќе излегува чиста вода за наводнување на Пелагонискиот регион.

Истовремено и втората фаза од изградбата и санацијата на канализационата мрежа веќе е започната.  Тука, мора да им се извинам на граѓаните, навистина во одредени делови од градот сеуште немаме асфалтирани улици, меѓутоа сето тоа има причина, затоа што сега започнува изградбата на секундарната канализација, и ќе требаше повторно да се  прекопуваат улиците и повторно да асфалтираат. Затоа почекуваме со асфалтирањето

Сите оние улици во населбите каде што се работи на санација на канализационата мрежа, во населбата Тризла, Варош, особено кај монтажните куќарки, улицата “Струшка“, односно населбата наспроти храмот Св.Петка, населбата „Чачорица„ ,одреден дел на нас.„Тапани“ (Штавичко маало), нас.„Ножот“ и во други делови на градот, комплетно ќе биде спроведена 70 км. канализација, и сите ископани улици, ќе бидат асфалтирани или оние кои се асфалтирани, ќе бидат доведени во првобитната состојба.

Прилеп денска е еден од најубаво уредените градови. Со доаѓањето на пролетта и започнувањето на сезоната на уредувањето на  парковските површини дали веќе се размислува  за одржување на сето она што е изградено и уредено, и негово доуредување? Се очекуваат ли нови парковски површини, нови зелени површини во населние места и нови инфраструктурни и урбани содржини во градот: нови тротоари, пешачки патеки, мостови, зголемување на пешачки зони ? Што е предвидено во буџетот?!

Предност во овој квартал од годината им даваме на активностите околу уредувањето на улиците и  крпењето на ударните дупки. Прична за потребата од постојаност за санирање на улиците се и тешките товарни возила кои секојдневно влегуваат во Прилеп, особено од концесионерите и производителите на мермер, така да ова подрачје, за жал, е изложено и на брзо амортизирање на инфраструктурата, што го немаат другите градови. И, затоа имаме по два пати крпење на ударните дупки во годината, и во пролет и во есен. Тука е и секако она пролетно бележење на улиците и  регулација на вертикалната и хоризонталната сигнализација.

Започнавме и со санирање на одредени улици со нов асфалтен слој, но и изградба и асфалтирање на нови улици,  и во градот и во населените места.

Моменто се работи и на проектот,  за кружен тек кај мостот Табана, за подобро регулирање на сообрајќајот, што влегува во планот, програмата и буџетот за оваа година. Проектот ќе биде завршен до јуни.

 

Во буџетот е предвидено ново осветлување, онаму каде што воопшто немало и замена на уличните сијалици,  онаму каде што  се оштетени. Прилеп важи за еден од најдобро осветлените градови, особено со енергетско и ефикасно осветлување.

Во прогармата на градот е и средување на тротоарни површини, по барање на урбаните заедници. Моментално се работи на уредување на тротоарна површина  на ул „Васко Караангелески “, во нас.  Сточен пазар, нас. Жабино мало, покрај ул „Трајко Николоски“, ул „Ленин“, на  ул. ,,Димче Антулески“ , ќе се градат тротоарски површини и во нас. „Рид 1 и Рид 2“…

Буџетските средства ќе се трошат за изградба и на пешачки мостови. Моментно, се работи на изградба на пешачкит мост во населбата Ѓоѓдере, што го поврзува училиштето со населбата, предвиден е и пешачки мост, што ќе го поврзува музичкото училиште, пешачки мост кај дабнички канал и.т.н.

Овој период е и за чистење на каналите. Се чистеше дабничкиот канал, а ќе се чисти и целото речно корито, од вливот па се до излезот на реката од градот.

Буџетот ќе се троши и за парковски површини и детски игралишта кои се секогаш приоритет на локалната самоуправа, за изградба на нови и за уредување и доуредување на веќе постоечките паркови. Секоја населба да има зелени и рекреативни  содржини, да не мора децата од една населба да одат во друга. Во овој период се предвидени изградба на неколу паркови, музичкиот парк кај нас. Врбејско мало, парк во нас. Ѓогдере, каде проектот е при крај, реновирање  на детското игралиште во нас.Рид, доуредување и уредување на парковските површини во нас. Точила, меѓутоа се надевам дека и плоштадот околу црквата Св.Петка ќе биде готов во текот на оваа година, така што оваа населба ќе биде комплетно уредена со сите содржини, и ќе претставува еден вид мини град во град. Се уредуваат и парковските површини во нас. Бончејца. Паралелно за одржување на овие зелени површини имаме бунари со техничка вода и останува само еден апел до граѓание да ги чуваат и одржуваат, да го пазат она што е изграено, за нивно добро и доброто на градот.

Меѓутоа, детски игралишта ќе практикуваме да изградиме и во населните места: Ново Лагово, Кадино село, Беровци, Галичани, како и реконстуркција на игралиштето во Канатларци…

????????????????????????????????????

 

????????????????????????????????????
kral marko

За чист град, за  овој сегмент,  задолжено е ЈКП Комналец, кое се грижи  за зголемување на зелените површии, но и правилно третирање на отпадот? Организираната селекција на отпадот,  доведе токму до идејата за изградба и на фабрика за отпад? Повторно ли Прилеп, како и со пречистителната станица за отпадни води,  ќе стави заложба за почист град? Колку е важна и потребна оваа фабирка за преработка на отпад?! Што тоа би значело за градот?

И, тука сме лидери на ниво на Македонија,  во однос на третирањето и начинот на селектирање на отпадот. Прилеп неодама , повторно, подели 3000 корпи на домаќинствата за селектирање на отпадот, на органски и неоргански. Први во Македонија спроведовме примарна селекција на отпад. Поставивме контењери за пластика, за органски и неоргански отпад. Со тоа создадовме навика кај населението да го селектираат отпадот. Тоа поттикна,  во близина на депонијата да се гради хала, во која ќе се селектира и рециклира отпадот. Таа фабрика не само што ќе обезбеди нови вработувања, туку ЈКП Комуналец, со продажба на отпадот како суровина, ќе има и одредена заработувачка.

Што од буџетските средства е наменето за подбрување на условите во образованието? Каде локалната власт и во што ќе  инвестира во оваа сфера?

Досега во образованието имаме инвестирано 12 милиони евра, во сите образовни установи, вклучувајќи го и основното музичко училиште кое е под ингеренции на локалната самоуправа. Направени се многу проеки и со средства од буџетот на општината, од Министерството за образование, приватниот бизнис сектор, но  голем дел од средствата се обезбедени од европските фондови. Инвестиравме во сите училишта, во зависност од потребите на училиштето. Со децентрализцијата во образованието, најмалку по 10-тина пати сме интервенирале со капитални проекти во секое училиште поединачно, и денес училиштата се гордост на општина Прилеп.

Но, во нив постојано има да се инвестира. Секој месец имаме во различни образовни установи по два до три проекти, кои се реализираат. Неодамна бевме во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, каде зврши реконструкцијата на скалишниот дел, кровната конструкција, поставена е нова котлара за загревање на новата спортска сала, се уредија санитариите. Со донција од ЕУ во висина од 130 илајди евра, за енергетска ефикасност, ќе бидат издвоени  80 илјди евра за изолација  на  ова училиште. Во сите училишта се промени дограмата, останува тоа да се реализира наскоро во уште еден дел во Гимназијата, се уредија тоалетите во ООУ “Гоце Делчев”, се средуваат дворовите во основните и средните училишта… Одредени зафати се насочени и кон музичкото училиште, набавка на нов клавир, уредување на скалишниот простор…Се изградиjа три нови спортски сали, четвртата е при крај на својата градба, две балон сали, спортски игралишта, а во наредниот период ќе работиме на уредување на  фасадите на училиштата.

Со тој континуитет, вложување во образованието,  продолжуваме , но, како капитален проект, по барање на граѓаните од нас.Жабино Мало и Сточен пазар, во  буџетот се предивени средтва за изградба на ново училиште, во овој реон, кое ќе ги опфати децата до петто одделние. А, поголеми реконстуркции  се предвиден  и во училиштата во населените места. Како пример неодма се реконструира училиштето во с. Мажучиште.

Овие ми се најдраги инвестиции, бидјеќи кога инвестираме во образованието инвестираме во нашата иднина, во нашите деца, и затоа во континуитет најмногу одвојувам средства од буџетот во оваа сфера.

sala ekonomsko int sala ekonomsko ext sala dobre jovanoski.1 balon sala 1

Антрфиле

 

ЗА ДЕЦАТА ОД ПРЕДШКОЛСКА ВОЗРАСТ

НОВИ ГРАДИНКИ

 До крајот на годината треба да се обезбедат 250 места за деца од предшколска возраст. При крај е уредувањето на просториите во Работничкиот Универзитет, кои се адаптираат за детска градинка со капациет од 60 до 70 деца. Се работи на отворање на  диспрезирана градинка во нас.Корзо, каде има повеќе објекти како опција и една градинка во нас.Точила, која би била проект на локалната самоуправа и владата, или оспособување на поранешната градинка на Тут-Ком.  Нови градинки ќе има во нас.места Кантларци, Беровци, во Коњари, каде се работи на проектот, еден дел од училиштето да се адаптира за таа намена.

Во овој квартал Прилеп продолжи со поддржувањето на голем број културни манифестации. Меѓу првите е организирањето и поддршката  на  Меѓународниот карневал „Прочка 2016“, кој оваа година одбележа 15 години од своето постоење. Дали се предвидени  средства од буџетот за  другите  културни – забавни манифестации?  Што му носат ваквите манифестации на градот?

Културата е одраз на начинот на живење и преку неа го промовирате традиционалното и духовното богатство на еден народ. Во светот многу е развиен тој културен туризам, односно фестивалски туризам. И, тому Прилеп со години наназад се обидува тоа да го развива преку сите манифестации кои се организираат во различен период од годината. Со тоа не само што се промовираме и развиваме културно на овој дел од Балканот, туку привлекуваме и голем број туристи, да го посетат Прилеп, за различни манифестации, што носи финасиски бенефит за градот и приватниот бизнис сектор, од хотелиерите, угостителите, до трговци и такси служби, со што се збогатува локалната економија.

Тука е Пивофестот, каде доаѓаат илијадници луѓе, среде лето. На Прочка  имавме гости од целиот Балкан. Направивме и препознатлив белег со таа манифестација, карневал за почит, кој го признава Европската карневалска асоцијација, чии председател секоја година ни е гостин. Се подготвуваме напорно од почетокот на секоја година, па и оваа за добра организираност на Пивофестот, кој е денес голем македонски туристички бренд. Само се надевам и верувам дека ќе се смират политичките страсти во државата, за да се одржи оваа голема манифестација, која многу значи за прилепската економија, но и за Македонија, бидјеќи Пивофестот во Прилеп не е само локално фестивалче.

Прилеп го има и богатото културно лето, доаѓаат гости и за Мегленските средби,  Долненскиот фестивал, Театарскот фестивал „Војдан Чернодрински“ …

За сите овие манифестации помага локаланта самоуправа и сите тие се поврзани со развој на фестивалскиот туризам во Прилеп. И, по Скопје и Охрид, Прилеп е градот кој, на овој или оној начин, привлекува туристи во Македонија. А, мора да признаеме за то придонесува и добро уредениот град, организиран паркинг простор, зелените површини, културно историските споменици, градскиот саат, старата прилепска чаршија, црквите, нови и стари, манастирите,  до кои се обидуваме постојано да направиме добра патна инфраструкура .

 Прилеп поддржува и органзирање на голем број спротски манифестации.  Неодмна градот беше домаќин  на болдерингот на кои беше истакнато од учесниците дека Прилеп и околинаа е вистинска мека за алтернативни спротови. Колку ваквите спротски собири се важни за градот под Марковите кули?

Градот има убави, специфични карпи за овој спорт, болдерингот, има убави места каде може да се лета со параглајдер, простор за мото крос, за планински велосипедизам и сите тие природни убавини, карпите на Маркови кули, просторот кај манасирот Трескавец, Мариовскиот крај…, ги искористивме да направиме услови за  развој на екстремнот туризам и привлекување на туристи,  кои ги сакаат овие алтернативни спортови.

Се одржа светскиот куп во болдеринг и хај лајт одење по јаже на огромна висина, каде учетвуваа над 100 љубители на овој спорт. Заедно со Крушево планираме да го организираме Светскиот куп во параглајдерство, за развој на целиот Пелагониски регион. Патеката на мото крос ја користат многу луѓе од Македонија за тренинг во убавите викенд денови, а планираме со клубот Скај Рајдер, здруженијата и Агенцијата за млади и спорт да организираме и едно Европско првенство на оваа патека, да донесеме мотокрос напреварувачи од целиот свет.

Ултрамаратонот, трачање по 80/120 км, по планинските предели околу Прилеп е  уште една спортска атракција, која е за почит, и е поддржана од локалната власт, зашто привлекува многу луѓе од целиот свет, кои остануваат како туристи неколку денови во градот.

Поддршка, локалната власт, им дава и на поединечните спортови карате, џудо, борење, бокс, но и на екипните. Ме радуваат последните резултати на ФК Победа, нејзината шампионска еуфорија, која како и секој прилепчанец, сака да ја види во Првата фудбалска лига, таму каде што и е местото. Но, ме радува и борбеноста и  успесите на РК Прилеп кои добро се „држат“ во Супер ракометната лигата, и со не многу замашен буџет, направија одлични резултати. Затоа во интерес на спортот, како локална самоуправа ќе уредуваме уште фудбалски игралишта, ракометни, кошаркарски, ќе направиме нови содржини во рекреативниот спортски центар „Могила“, се со цел развој на спортот и поттикнување на младата популација да спортува.

Најголема атракција годинава, сепак ќе претставува отворањето на аква паркот, кој ќе биде добар за забава и рекреација во летните горештини, но и уште една причина за привлекување на туристи.

За крај. Македонија денеска се соочува со длабока политчка криза. Како резултат на тоа не очекуваат предвемени парламентарни избори, кои се најавени за 5-ти јуни, се со цел да се обезбеди нормализација на состојбата во државата. Паралелно со тоа, Македонија како транзитна земја е соочена и со бегалската криза во Европа. Како градоначалник на Прилеп, како политичар и како граѓанин,  гледате ли решение  за излез од оваа полтичка криза во која се наоѓа Македонија? Колку овие кризи, политичката и бегалската, се рефлктираат на  реализирањето на проектите во сите сфери и работењето на локалата самоуправа на Прилеп?

Без оглед колку да сакаме да се иземеме, ние сме сите дел од целокупната  политичка и економкса криза која ја зафати Македонија, вклучувајќи ја тука и бегалска криза. Доколку кризата се одолговлекува таа ќе се рефлектира негативно врз сите предвидени и планиран проекти. Затоа политчката криза треба што побрзо да заврши, а тоа може да се направи само преку демократски избори, на кои ќе излезат граѓаните и ќе ја дадат довербата на тој на кого сметаат дека треба да му ја дадат, за да се продолжи со реализација на сите овие проекти, нови градинки, нови парковски  површини, училишта , спортски објекти, итн, кои се важни за граѓание, и да се носат нови инвестиции за да се отвораат нови работни места.

Никој не сака несигурен и немирен живтот. Секој има право да демонстрира и да го искажи својот став. Но, да демонстираш и да уништуваш она што е градено, тоа за мене е примитивизам. Немора да им се допаѓа на сите она што е изградено, но не мора да се уништува и руши ако не ви се допаѓа, нели?!

Треба да се бориме преку дијалгог и со проекти. Ако некој сака да направи подобро општесто од ова, подобар град од  овој, треба да рече „повеќе ќе направам од овие што направија со овие идеи“,   а не да го уништуваме тоа што е направено.

Политичката криза повелкува и економската криза во земјата, која се рефлектира, пак во креирањето и  реализирањето на голем број пректи, а сето тоа на штета, на граѓаните на Прилеп, на граѓаните на Р.Македонија. Затоа сметам, не само како градоначалник, туки и како граѓанин на оваа заедница, најдобро би било на 5–ти јуни да се одржат парламентарните избори и да заврши оваа агонија, која трае година и пол во Макеоднија.

Бегалската криза, во која несакајќи сме вклучени, е само надополнување на  проблемите во Македонија, зашто јужната граница е секојдневно блокирана и нападната од мигрантите.  И оваа криза, со која е опфаена и Европа, само е   продлабочување на политчката криза во Макеоднија, која е дополнителен проблем за сите граѓани. Но, мора да сфатиме ние имаме само една држава. Немаме резервна татковина. Затоа треба да ја чуваме и да ја штитиме, сите заедно, од оние кои сакаат да и наштетат.

 

 

Антрафиле

ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ НЕКА НИ

ДОНЕСАТ МИР И СОЖИВОТ

Мир, блогосостојба, среќа и успех да имаат моите сограѓани и сите граѓани на Р.Македонија. Да уживаат во овој најголем христијански празник, Христовото воскресение, Велигден, кога сите праволавни храмови ќе ја пренесат најрадосната вест „Хростос воскресна-Навистина воскресна“. Затоа да се почитуваме и да си ја чуваме трдицијата и верата, да го чуваме македонското, да го негуваме она  што ни го оставиле нашите дедовци и прадедовци, да оставмие и ние убав аманет за идните генерации, да не паметат по нашите добри дела. Би му посакал на сите граѓани на општина Прилеп да имаат убави Велигденски празници во кругот на нивните семјесва.

Воедно, на овај голем христијански прзник, и оваа година,  ќе го  одржиме и оној трдиционални ручек, организиран од страна на МПЦ, со покана на Ромите од муслиманса вероисповед во просториите на црквата Св .Благовештение (Стара црква), со која како христијани ја покажуваме големината на Велигден, големината и желбата за соживот,  кој постои со векови во Прилеп.

????????????????????????????????????

 






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.