Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 8,50 отсто.
Одвечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит и ќе изнесува 57,50 денари.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 денари за литар и со тоа малопродажните цени ќе изнесуваат: 59,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната ценана Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќеизнесува 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 ден/кг и ќе изнесува 23,427 ден/кг.
Од 27.05.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 57,50(денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 59,50(денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50(денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 37,50(денари/литар)
Мазут М-1 НС 23,427(денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.05.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Трета недела по ред во просек како продолжуватрендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи. Цената на бензинот се зголемиво просек за околу 23,66%, а кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 16,74%. Цената на екстра лесното маслопорасна во просек за околу 20,86%, додека кај мазутот се регистрира зголемување во просек за околу 19,69%.
Во истиот периодкурсот на денарот во однос на долароте понизок за 0,602%.
Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.