Извршните околу 120.000, неизвршните околу 50.000 денари – Дали ова се платите на директорите во ТУТ-КОМ?

Во Тутунскиот Комбинад Прилеп, денеска се одржува Генерално Собрание каде ќе се избери новиот Борд на извршни и неизвршни директори на овој некогашен прилепски гигант.

Aлександар Алексоски, Зоран Петрески, Афродита Настеска, Сашко Велјаноски, Гоце Николоски, Афродита Баталовска и Александар Кузманоски се луѓето кои ќе седнат во директорските фотељи, а од нив еден ќе биде и Генерален директор на некогашниот прилепски гигант.

Биографиите на идните директори можете да ги погледнете на следниот линк: https://seinet.com.mk/document/70103

Маркукуле детално ги елаборираше новите имиња кои ќе го предводат комбинатот, а од нашите читатели добивме голем број прашања за тоа колкави се платите на директорите.

Според Годишниот извештај за работата на комбинатот во 2023 година, платите на извршните членови и Генералниот директор, изнесуваат околу 2.000 евра, а на неизвршните членови на Бордот се околу 50.000 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.