Извлечени гpyпите за ракометната Супер лига: Во Прилеп ќе гостуваат Металург, Работнички…

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на групите за натпреварувачка сезона 2020/2021 за Супер Лига – Мажи.

Екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер поради настапот во Лигата на шампиони и СЕХА лигата се ослободени од првиот дел од сезоната и ќе се приклучат во плеј-офот.

Заедно со нив таму ќе учествуваат и најдобрите три екипи од секоја група.

Сезоната ќе почне со натпреварите од 1. коло кое е закажано за 12 и 13 септември.

Двојките се:

Група А

Јуниор Кисела Вода – Пролет 62
Астраион – Радовиш
Голден Арт КЛ7 – Охрид
Струга е слободна.

Група Б

Металург – Еурофарм Пелистер 2
Работнички – Бутел
Младост – Тиквеш
Прилеп е слободен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.