Извикуваа “Македонија, Македонија…” и делеа знаменца, дечињата од прилепските градинки како никој досега го одбележаа Денот на независноста (Фото галерија)

Вистинстинска позитива како никогаш досега ја огреа прилепската Стара чаршија денеска. Во пресрет на Денот на независноста – 8-ми Септември, малите ангелчиња од градинките “Наша иднина”, заедно со нивните воспитувачки, покажаа дека и тоа како си ја сакаат државата во која живеат.

Насмеаните дечиња ја украсија со македонски знамиња камената бина во центарот на градот, а потоа извикувајќи: “Македонија, Македонија…”, прошетаа низ чаршијата, а на случајните минувачи, дуќанџиите и на оние кои одмараа на клупите, им делеа македонски знаменца.

Една искрена, весела и среќна дружина која ни го разубави денот, и воспитувачки кои заслужуваат награда. Ако најмалите ги воспитуваме вака, од мали нозе да си ја сакаат Македонија, тогаш се уште можеме да ја исправиме иднината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.