Денес Владата на Република Македонија денеска одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за именување на повеќе директори.
На предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, за в.д. директор на прилепскиот затвор е избран Емил Јанески.
Јанески е поранешен директор на ЈКП Водовод и канализаија, функција која ја извршуваше од 2017 до 2021 година, а беше и кандидат за пратеник од партијата “ЗНАМ” на изминатите парламентарни избори.
За негов заменик е именуван Диме Наумчески, човек со повеќегодишно работно искуство во оваа институција, и човек кој одлично ги познава приликите и условите во оваа казнено поправна усптанова.
На функцијата прв човек во КПД Прилеп, Јанески доаѓа на местото на досегашниот директор Александар Дамески.