Симулацијата на анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на изборите во декември ќе освојат 63 мандати.
Се очекува во законодавниот дом да влезат и БЕСА и Движењето за реформи на Зијадин Села. Според пресметката, СДСМ ќе освои 35 пратенички мандати, пренесува Пресс24.
ДУИ значително ќе го загуби влијанието и ќе освои 13 места во Собранието, а ДПА, 6.
Треба да се има предвид дека симулацијата е направена според Донтовиот модел, но пресметките се правени како Македонија да е една изборна единица, без никаков цензус.
Се очекува мала промена во бројките, особено кај партиите кои имаат помал број гласачи кога би се правела симулација по изборни единици.