Игротеките pacпалиja по Владата: Наместо финанcиcка поддpшка добиваме опомени од УЈП

Наместо финансиска помош и поддршка, игротеките кои се веќе 6 месеци затворени почнале да добиваат опомени од УЈП – пишуваат од игротеката “Инфинити” oд Прилеп.

“Со надеж за решение за нашата дејност ИГРОТЕКИ кои еве веќе 6 шест месеци сме целосно затворени заради ковид ситуацијата, владата излезе со експресно решение и за помалку од една недела ни го достави. Очекувавме ФИНАНСИСКА ПОМОШ или ПРОТОКОЛ за работа но добивме ОПОМЕНА ОД УЈП ЗА НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ.

Дали некој во оваа држава се прашува како егзистрираат фирмите пред да се пушти ваква опомена и како може фирма ПРИНУДНО ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕНА СО ПРОМЕТ 0 НУЛА да исплати плати и придонеси.

ТРЕБА ДА ОЧЕКУВАМЕ СОГЛАСНО ОПОМЕНАТА ПРИСИЛНА НАПЛАТА СО ИЗВРШИТЕЛИ И ЗАПЛЕНУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ИМОТОТ ОД ИГРОТЕКАТА ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОТ СОГЛАСНО ОПОМЕНАТА? Благодарност до оваа држава за се што ни помага зошто на фирми кои плаќале даноци и други давачки кон државата и егзистирале повеќе од 20 години, наеднаш кога им е потребна помош наместо да им се помогне им се пуштаат ОПОМЕНИ И ЗАКАНИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ И ТОА НЕ ПО НИВНА ВИНА. Останува само да затвориме и да станиме социјален случај и на списокот на Агенцијата за вработување ?

Дали владата ќе најде конечно решение и ќе изработи протоколи и ќе ни даде финансиска помош или треба да исчезниме како дејност во време кога се се пушти да функционира и на големо си работат сите угостителски и забавни дејности, кафичи, ресторани, плажи, хотели. мотели, казина, фитнеси, едукативни центри и се останато што е многу слично на нашата дејност.

Со надеж дека ова ќе допре до тие што се надлежни во оваа држава и место ОПОМЕНА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ и тоа за неплатени плати и придонеси за само еден месец и задоцнување од 5 дена ќе најде начин да егзистираме или да затвориме и да бараме социјална помош.

Да не ги споменуваме останатите давачки за комуналии и вода, кирија, осигурување, одржување на објекти и слично, кој сето ова може да го издржи повеќе од 6 месеци ? Да нема забуни не сме од тие фирми кои зеле субвенции, а неисплатиле плати иако тие субвенции покриваат 40% од трошоците за егзистирање”, стои во соопштението на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.