Актуелната советничка во Советот на општина Прилеп, Ивона Кузмановиќ, од вечерва неофицијално е избрана во новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ.
Кузмановиќ е втор мандат советник во Советот на општина Прилеп, а од вечерва, доколку се точни информациите, таа ќе добие и водечка улога во партијата како член на највисокиот партиски орган.
Претходно Кузмановиќ беше член и на Централниот одбор на партијата.
Останати имиња кои се спомнуваат во новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ се и Андреј Петров, Костадин Костадинов, Петре Шилегов, Ана Данева, Дарко Каевски…