Зaeв: “Убеден cyм дека ќе нajдиме peшение за Гоце Делчев – Да покажиме дека сме Европejци”

Премиерот Зоран Заев денеска во обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела, на новинарско прашање околу преговорите на Македонско-бугарската комисија околу денешниот нов состанок, истакна дека се надева на изнаоѓање заедничко решение со Бугарија.

„Ќе видиме како денеска ќе поминат преговорите на Комисијата, веројатно потоа ќе соопштат за тоа како поминала средбата. Јас сум убеден дека ќе најдеме решение. Да не постоеше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да биде мост меѓу Се***** Македонија и Бугарија. Да покажеме малку дека сме Европејци“, рече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.