Зошто ги одлагаме обврските?

Децата кои ќе растат опркужени со предвидени активности, како што се: време за оброк, спиење, дужење со семејството и пријателите и слободни активности, имаат помалку проблеми подоцна кога ќе пораснат.

zp-zasto-odlazemo_620x0

Луѓето кои постојано доцнат и ги одлагаат обврските за своето однесување можат да ги обвинат родителите.Студијата на Универзитетот во Олбанија покажува дека децата со стабилни рутини имаат помалку проблеми со управувањето на времето и скренување на вниманието подоцна во животот. Проблемите со вниманието поврзани се со бројни негативни исходи, вклучувајќи потешкотии во студирањето и вработувањето.

Во истражувањето биле вклучени 292 студенти од двата пола. Утврдено е дека децата пораснати во опкружување со предвидени активности, како што е времето за оброк, спиење, дужење со пријателите и членовите на семејството и слободни активности, имаат помалку проблеми подоцна кога ќе пораснат.

Овие студии покажале позитивен исход на животните навики кај децата кога се соочуваат со екстремни животни фази, како што е губењето на еден од родителите, преселување или развод на родителите. Најмали последици биле воочени кај оние деца во чие семејство се знаело што ќе се случува наредниот ден, односно кои се секојдневните активности, за разлика од децата кои растеле во семејства каде секојдневните активности не биле предвидени.

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.