Поранешниот премиер Зоран Заев поднесе тужба против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски и сопственикот на клиниката Жан Митрев.
Заев претходно најави дека ќе поднесе тужби ако Петрушевски не му се извини за тврдењата дека заплентетата марихуана била поврзана со фирми блиски до Заев, додека пак екс премиерот го тужи доктор Митрев поради неговите тврдења за преземање на неговата болница.
И во двете тужби, Заев како надомест бара по 500.000 денари.
Во објава на 8 февруари на неговиот Фејсбук профил, Заев ги демантираше трврдењата на Петрушевски и Митрев и побара од нив да се извинат во законски предвидениот рок, а доколку не го сторат тоа, најави дека ќе поднесе тужба и ќе се бори со сите правни средства како што напиша за да ја симнал оваа дамка од неговото име.
Инаку, Заев го тужи Петрушевски зашто во обраќање на прес-конференција го поврзал него со запленувањето на 10 тони марихуана во струмичко, а докторот Митрев за изнесени тврдења дека вршел притисок за купување на неговата болница.
Тужбите се поднесени до Основниот суд во Струмица.

























