Кандидатите за советници од Движење ЗНАМ за наша Македонија – Прилеп денеска го претставија делот од својата изборна програма посветен на јакнењето на патриотизмот, културата и граѓанската свест.
Во своето обраќање тие најавија конкретни иницијативи и активности што ќе придонесат за зачувување на духовните и културните вредности на Прилеп:
Од ЗНАМ Прилеп во својата програма предвидуваат:
-Кампањи и проекти за поттикнување на патриотизмот и граѓанската одговорност – затоа што љубовта кон татковината започнува од секој од нас,
-Активно вклучување на младите во зачувување и промоција на духовното и материјалното културно наследство – гордост што се негува и пренесува.
-Организирање јавни настани, семинари и изложби посветени на културно-историското богатство на Прилеп – за да го чуваме духот и идентитетот на градот што ни значи.
„Нашата мисија е Прилеп да остане град на традиција, култура и љубов кон татковината – вредности што не се забораваат, туку се градат секој ден“, порачуваат од Движењето ЗНАМ за наша Македонија.