Знаете ли коe е најотpoвното дрво во светот?

На југот од Северна Америка и северот од Јужна Америка постои растение кое е толку отpoвно што не се препорачува да стоите под него во време на врнеживи денови.

Радиологот Никола Стрикланд во 1999 година го посетила островот Тобаго, каде со својот пријател одлучиле да скинат од полодовите на едно наизглед сосема обично дрво. Меѓутоа, по неколку секунди почувствувале како благиот вкус станува лут и тешко било да ги проголтаат залаците.

Дрвото чиј плод го набрале било манчинелово дрво (лат. Hippomane mancinella), кое се нарекува уште и “дрво на cmpтта”. Плодот е сличен на јаболко, а во Гинисовата книга на рекорди е внесено како најотpoвното дрво во светот. Институтот за храна и агрикултура во Флорида истакнува дека некои делови на дрвото се толку многу отpoвни што се препорачува да се избегне било каква интеракција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.