Благодарение на новата манифестација Wine Vision организирана од Отворен Балкан, саемот во Белград деновиве беше претворен во вински центар, каде се претставија над 150 винарии.
Во една врвна организација и прекрасно уреден простор, бројни пропратни програми и можности за бизнис комуникација, винариите беа оценувани од пет судии со титула Master of Wine.
Организатори на манифестацијата беа земјите од Отворен Балкан, меѓу кои е и Македонија, а на настанот беа поставени некои нови стандарди кога е во прашање претставувањето на вината и винската култура од овие простори.
Меѓу 150 винарии кои се претставија со своите вина беше и малата семејна винарија од Прилеп, “Сарика”, чии вински вкусови добија две признанија – злато за Вранец и сребро за Мускат 2021.
Ова е прво меѓународно злато за “Сарика Вранец”, вели сопственикот на винаријата Гоце Станоески, чија винарија во изминатиот период постојано реди успеси.