Жителите на селото Подримце во близина на Лесковац, тврдат дека работниците кои работеле на водоводната мрежа, пред неколку недели откопале буре полно со злато.
Во лесковачката полиција немало стигнато пријава дека е пронајдено било какво буре со злато. Тоа е нормално ако се земе во предвид фактот дека тоа злато, доколку се пријави, ќе се префрли во трезорот на Народната банка на Србија.
“Јас бев во градината кај јагодите, кога на 50 метри од мене се собра толпа од луѓе околу работниците. Знаев дека ископале нешто, но не можев ни да сонувам дека тоа е ќуп со злато. После тоа слушнав од соседите дека работниците ископале 300 килограми злато” , вели седумдесетгодишната Лилјана Цветкович, жител на ова село.
Ова не е прв пат во ова село да се пронајди голема количина на злато. Во 60тите години пронајден е локалитет во кој е пронајдена сребрена рака од статуа во природна величина и 137 сребрени парички.
Ф.Г.