Во третата недела од февруари, традиционално, по 19-ти пат ќе се оддржи спектакуларното доделување на наградите на најпопуларните уметници од Македонија и екс југословенските простори.
Наградите ќе бидат доделени по список и редослед кој е прочистен и потврден од музичко забавната комисија на Радио Бубамара, со дозвола за увид два дена по денот на настанот, во рамки на оддложената ТВ снимка со среќни ПИМ мерки.
Добрата забава и хумор се потреба во секое нормално хумано опшество и тоа барем еден ден во годината, а додека го чекаме тој убав ден во февруари, ви препорачуваме да продолжите да ќутите по дома и да дишете загаден воздух надевајќи се дека повторно ќе ве огрее „Ново сонце на слободата“, се вели во официјалното соопштение за манифестацијата.
Како можен датум за одржување се посочува 18 февруари.