Зиддojче цajтунг: Mepкел не дава датум за Македонија

Германската канцеларка Ангела Меркел се изјаснила негативно по желбата на Европската комисија за брзо давање датум за преговори на Северна Македонија за приклучување во Унијата, пишува весникот „Зиддojче цajтунг“, пренесува Дојче Веле.

Повикувајќи се на свои неименувани извори, германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ денеска пишува дека на седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“.

„Со тоа, канцеларката застана јасно наспроти својот коалициски партнер – СПД, која се залага за гласање (за датумот, н.з.) во Европскиот совет веќе на 18 јуни. Државниот министер (во германското МНР, н.з.) Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на ‘отворни уши’ кај ЦДУ и ЦСУ. Македонија постигна согласност со Грција за промена на името, меѓу другото и за да го отвори патот за преговори за приклучување во ЕУ“, пишува денеска влијателниот „Зиддojче цajтунг“.

Евроинтеграцијата на Македонија вчера предизвика жecтока полемиka и на пленарната седница на Бундестагот, која всушност беше посветена на ратификацијата на протоколот за членство на РСМ во НАТО. Пратениците со мнозинство гласови се изјаснија за прием на РСМ во алијансата, но во дебатата се препуkyваа околу датумот за преговори за приклучување во ЕУ.

„Мојот сомнеж е дека Канцлерамтот (канцеларијата на Меркел) и ЦДУ сакаат да ја одложуваат дебатата на оваа тема сѐ додека Нова Демократија не дојде на власт во Грција за да ја блокира Северна Македонија во ЕУ”, рече пратеникот на опозициските Зелени, Јирген Тритин, потсетувајќи дека Европската комисија донела јасна препорака за почеток на преговорите. Критикувајќи ја таквата политика, Тритин праша дали некој сака Северна Македонија да влезе само во НАТО, но не и во ЕУ, и дали нејзините граѓани треба да се третираат како „Европејци од втора класа”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.