Претседателот Зеленски изјави дека Украина нема да попушти пред руските ултиматуми.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина никогаш нема да попушти пред руските ултиматуми и дека градовите како Киев, Мариупол или Харков нема да прифатат руска окупациja.
„Имаме ултиматум со неколку точки. „Следете го и тогаш ќе ја завршиме вojната“, рече Зеленски во интервју за телевизијата Суспилне, пренесе Ројтерс.
„Украина не може да го исполни ултиматумот“, рече тој.